КАДРИ ВЕСЕЛИ ДЕНЕСКА НА РАСПИТ ПРЕД СПЕЦИЈАЛНИОТ СУД ВО ХАГ

Лидерот на Демократската партија на Косово и претседател на последниот состав на Собранието на Косово Кадри Весели отпатува вчера за Хаг, каде што денеска ќе биде интервјуиран од Специјалниот суд за воени злосотрства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели, кој беше еден од водачите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) и раководител на косовската разузнавачка служба (ШИК), на новинарите на приштинскиот аеродром им изјави дека неговото сведочење пред истражителите на меѓународниот суд претставува „меѓународен момент за повторно докажување на чистотата на борбата на народот на Косово и на борбата на ОВК“, јавува Алсат.

– Специјалниот суд е предизвик наспроти ужасните српски злосторства, но истовремено е и меѓународен момент за повторно докажување на чистотата на борбата на народот на Косово и на борбата на ОВК. Секој борец на слободата е горд што ја имал среќата да ѝ служи на својата земја. И јас сум многу горд и благодарен за тоа. Историјата на ОВК е историја на правото на народот на Косово за слобода и независност, изјави Весели.

Целиот напис прочитајте го овде.