| |

Бугарски роман во поширокиот список со номинирани за „Меѓународен Букер“

Бугарски роман е меѓу годинашните номинирани за „Меѓународен Букер“ — најпрестижната литературна награда за преводна книга на англиски јазик објавена во текот на годината, јавува Нова тв.

Меѓу 13-те наслови во долгата листа за престижното одликување е преведеното на англиски издание на „Остајница“ од Рене Карабаш („She Who Remains“, во превод на Изидора Ејнџел).

По „Засолниште во времето“ од Георги Господинов со превод на Анџела Родел, кое стана лауреат во 2023 година, ова е вториот роман од бугарски автор што се најде меѓу номинираните за „Букер“.



Слични Објави