УСВОЕН Е НОВИОТ УНГАРСКИ ЗАКОН: ИСТОПОЛОВИТЕ ПАРТНЕРИ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ПОСВОЈУВААТ ДЕЦА!
Унгарскиот парламент денеска го усвои новиот закон според кој деца ќе можат да посвојуваат само хетеросексуални брачни парови.
Унгарскиот парламент во кој владеачката партија „Фидес“ на премиерот Виктор Орбан има двотретинско мнозинство денеска го усвои законот кој на истополовите парови им се забранува посвојувањето на деца.
Според законот кој беше предложен од Владата на Орбан, само хетеросексуалните брачни парови ќе можат да посвојат деца, а самците само со посебна дозвола на министерот за семејство, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.
Инаку, Унгарија не дозволува склопување на геј бракови.