| |

ШЕФОТ НА СРПСКОТО МВР СЕ ЗАКАНИ: АКО ТАЧИ ДОЈДЕ ВО ПРЕШЕВО, ЌЕ БИДЕ УАПСЕН

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави дека ако претседателот на Косово Хашим Тачи дојде во Прешево ќе биде уапсен од страна на полицијата по налог на српските судски органи.  Во врска со можната посета на косовскиот претседател на Прешевската Долина се огласи и српската премиерка Ана Брнабиќ, која изјави дека до Владата на Србија „не пристигнала каква било најава за евентуалната посета на Тачи“.  Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ исто така изјави дека нема информации за посета на Тачи. Некои српски медиуми објавија дека Тачи заедно со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во среда ќе ги посети општините во јужна Србија, каде што живеат Албанци.



Слични Објави