ИСПЛАТЕНА И ВТОРАТА РАТА ОД КРЕДИТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари, од кредитот кој што беше земен од Светска банка. Со оваа исплата за само шест месеци,заедно со првата рата во вредност од 7.840.623 денари, општината покрај тековните обврски, успеа да исплати вкупно 15.707.406 денари, или над 253.300 евра.


Кредитот, со кој што претходната локална самоуправа и тогашниот градоначалник ја задолжија општината, а со тоа и граѓаните, е во износ од 155.883.097 денари, односно над 2,5 милиони евра. Тоа значи дека граѓаните на Општина Битола во наредните 10 години, ќе треба да го враќаат кредитот од Светска банка.