| |

Џонев: Во Бугарија не постои усогласена приказна за спасувањето на бугарските Евреи

Помалку од 6% од младите луѓе во Бугарија знаат што е Холокауст и зошто антисемитизмот е ужасна појава. Тоа го покажуваат податоците од последната анкета на социолошката агенција Алфа Рисрч, јавува Бугарското национално радио.

„Kорените за овој пропуст треба да ги бараме во образовниот систем, но не треба да ја бараме целосната вина само таму“. Ова во интервју за програмата „Хоризонт до пладне“ го изјави Ангел Џонев, директор на музејот „Димитар Пешев“ во Ќустендил.

„Во Бугарија не постои усогласена приказна за спасувањето на бугарските Евреи. Ова е тажната вистина. Постојат неколку наративи и повеќето политички и општествени фактори се фалат со сопствените наративи од неодамнешното минато, бидејќи навистина зборуваме за настани што се случиле пред околу 70 години, односно, се претпоставува дека сè уште има живи луѓе кои, доколку не биле директни учесници, биле набљудувачи на овие процеси што се случувале тогаш“, вели Џонев.

На следниот линк можете да го слушнете целото интервју со историчарот од Ќустендил доц. д-р Ангел Џонев.

Слични Објави