| |

А.АНГЕЛОВ: ОСТАНУВАМЕ ВАШИ ПОДДРЖУВАЧИ ПО ПАТОТ КОН ЕУ И НАТО

„Ние сме ваши поддржувачи и сме посветени на имплементацијата на Софиската агенда, но потребни ни се аргументи за уште посилно да се заложиме за вас, а тие аргументи можете само вие да ни ги дадете ако си го завршите вашиот дел од работата. Правецот е правилен и добар, останува да се завршат уште неколку работи. Тоа се фер и демократски избори, кои се клучни за целиот процес, како и законите што Собранието треба да ги донесе за да може да бидат содржани во извештајот, за и скептичните држави да бидат убедени дека вие произведувате реформи“- изјави во интервју за МИА, амбасадорот на Р. Бугарија во Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов.

Во интервјуто за државната информативна агенција Ангелов зборува уште за досегашните и идните проекти на бугарската амбасада во Скопје во областа на социокултурната сфера. Ангелов најави изградба
нов, втор центар за ран третман на деца со аутизам, кој ќе може да го посетуваат деца од западниот дел на државава. Како што истакнува амбасадорот веќе се работи и на реновирање на просториите на центарот, кој е сместен во Одделот за педијатрија во Општата болница во Охрид. Ангелов изрази надеж дека дека до крајот на септември или октомври истиот ќе почне со работа. За овој проект се издвоени 102.000 евра.

Целото интервју со амбасадорот Ангел Ангелов можете да го прочитате овде.

Слични Објави