| |

ГРЧКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЗАГРИЖЕНИ ЗА УПОТРЕБАТА НА ТЕРМИНИТЕ „МАКЕДОНСКО“ И „МАКЕДОНСКИ“

Загриженост на грчките политичари и производители особено од регионот на Солун, за судбината на производите произведени во нивната северна провинција со печатот „македонски”, доби ехо и во специјализираната француска ревија за виното  „La Revue du vin de France“. Грчките производители сметаат дека „ситуацијата не е јасна” со Преспанскиот договор за новото име на Северна Македонија, го пренесува пишувањето на ревијата дописникот на МИА.

Ова е посебно важно за виното, кое со етикетата „Македонико” (македонски на Грчки,) се извезува во повеќе земји во светот, објаснува  за ревијата Јоргос Фунтулус, претседател на здружението на производители на вино во северна Грција. Тој си поставува прашање  за иднината на „оваа географска ознака”. Тој потсетува дека во неговото здружение има 300 професионалци кои произведуваат четири милиони шишиња годишно или 48 различни етикети со ознака “Македонико” или “Македонија” (Македонија).

Покрај виното, во Грција има речиси 4.000 производи, од вина, алва, до млечни производи или зеленчук, што ги носат имињата “македонико”. Околу половина се извезуваат, додека само 10 отсто се „заштитена ознака“. (Повеќе)

Слични Објави