|

Изложба во Полска со икони од Музејскиот комплекс во Банско

Во Регионалниот музеј на полскиот град Бјалисток беше отворена изложба со икони од фондот на Музејскиот комплекс- Банско, пишува во објавата на Фејсбук страницата на Бугарскиот културен институт во Полска. Изложбата е насловена „Боите на верата“ и ги прикажува најзначајните дела на иконописната школа од Банско.

Отворањето се одржа на 8 декември, денот на св. Климент – според стариот црковен стил.
На настанот присуствуваа амбасадорката на Бугарија во Полска Маргарита Ганева, почесниот конзул на Бугарија во Бјалисток Витолд Карчевски, православниот архиепископ на Бјалисток и Гдањск – Неговото Високопреосвештенство Јакуб (Костјучук), отец Јарослав Јужвик – канцелар на Супрасалската академија, како и претставници на раководството на Војводството Подласија (со центар во Бјалисток).

Претходно оваа година во април, изложбата беше прикажана во Виена по покана од проф. д-р Румјана Конева, директор на Бугарскиот културен институт „Дом Витгенштајн“.



Слични Објави