| |

Бугарија и САД го зајакнуваат партнерството во сферата на енергетиката

Бугарскиот премиер Румен Радев разговараше телефонски со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт. Меѓу главните теми биле енергетската диверзификација во Југоисточна Европа преку подобрување на поврзаноста, изградбата на Вертикалниот гасен коридор и проектот за нови блокови во нуклеарната централа „Козлодуј“ со технологија од САД, јавува прес-центарот на бугарската Влада.

Радев и Рајт разговарале и за изградба на големи центри за податоци и фабрики за вештачка интелигенција.

Двајцата се согласиле дека политиките во енергетиката треба да обезбедат одржливост на секторот и конкурентност на економијата. За време на разговорот, премиерот Радев го истакнал значењето на непрекинатото работење на рафинеријата во Бургас за земјата и за регионот.



Слични Објави