ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да се произнесе за случајот „Рекет 2“ и да ги открие сите вмешани, Коцевски да не го прикрива случајот
Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Јавното обвинителство и јавниот обвинител Љупчо Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, иако, како што наведуваат, постојат сериозни индиции и сомнежи за огромен криминал и корупција.
Од партијата прашуваат што се случува со случајот „Рекет 2“ и зошто, според нив, Коцевски продолжува да го прикрива. „Коцевски да не молчи за случајот ‘Рекет 2’, во кој се вплеткани поранешните од СЈО – Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, а се шпекулира дека имаат рекетирано познат скопски бизнисмен,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие поставуваат прашања до јавноста и институциите:
- Кој бил рекетиран?
- Во кој временски период се случувале овие настани?
- Кои се причините и за колку средства овие лица сакале да го изрекетираат бизнисменот?
- Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како функционирала шемата на рекетот?
- Дали се вмешани и поранешни функционери од СДС и од ДУИ?
„ЈО и Коцевски мора да го расчистат случајот. Правда и одговорност мора да има,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

