Шокантно тврдење од Киев: Унгарија сака да земе дел од Украина?!

/

Унгарија, наводно, сака да земе дел од Украина, најверојатно Транскарпатија, каде што живеат околу 150.000 етички Унгарци, пренесува српскиот портал „Република“.

Овие тврдења ги изнесе Алексеј Данилов, додавајќи дека Унгарија ќе ги сноси последиците поради тоа.

– Унгарија отворено зборува за соработка со Русија. Згора на тоа, Путин ги предупреди пред почетокот на војната во Украина дека нашата земја ќе биде нападната – изјави Данилов, секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (НСДЦ).

Данилов одговори на прашањето дали Унгарија може да го блокира пристапот на Украина во НАТО.

– Унгарија мислеше дека може да земе дел од нашата територија. Ова никогаш нема да се случи. Победата дефинитивно ќе биде наша. Што се однесува до Унгарија, која така се однесуваше, ќе видиме какви ќе бидат последиците за оваа земја – додаде Данилов.

Иако Унгарија е членка и на ЕУ и на НАТО, Орбан одби да испрати оружје во Украина или да дозволи транзит на такви пратки низ територијата на неговата земја.



Будимпешта се спротивстави и на ембаргото за нафта и гас против Москва.

Извор: Temite



Претходна статија

Српската невладина организација СПОНА споделува текстови во кои пишува за новокомпониран македонски јазик, расколничка македонска црква и Куманово како симбол на Стара Србија

Следна статија

Папата Франциско: Орбан ми кажа дека Путин има намера да ја заврши војната на 9 мај

Најново од Вести