Српската невладина организација СПОНА споделува текстови во кои пишува за новокомпониран македонски јазик, расколничка македонска црква и Куманово како симбол на Стара Србија

//

За време на Титова Македонија голем број Срби станале Македонци, бил воведен „новокомпонираниот македонски стандарден јазик“ од Блаже Конески, а во 1967 г. се создала „расколничката македонска“ црква за да се воспостави полесно македонската нација. Овие тврдења стојат во напис потпишан од Светислав Игоровиќ, објавен на Facebook страната на српската невладина организација СПОНА во РС Македонија.

Освен големиот број негативни коментари, од граѓани под текстот, нема никаква реакција од страна на претставниците на власта и опозицијата. Потсетуваме дека не беше таков случајот со отворањето на новите простории на Културен центар „Иван Михајлов“-Битола, кога врвот на државата и претставници на опозицијата реагираа остро на фактот што во РС Македонија се отвора центар на името на „соработникот на фашистите“ Иван Михајлов.

„За време на Титова Македонија масовно се работеше на заборавање на Куманово меѓу Србите, а се создаде албанско Косово, а огромен број Срби насилно постана „македонци“, каде им беа сменети презимињата, и беше воведен новокомпонираниот македонски стандарден јазик од Блаже Конески, додека во 1967 година Српската православна со насилство се втурна и црквата што ја создадоа нашите кралеви и цареви, за полесно да ја воспостават македонската нација со создавање непризнаена и расколничка „македонска“ црква. За Куманово и за Кумановската битка веќе никој не смеел да зборува и да пее, затоа што комунистите за тоа праќале луѓе во затвор“, стои во написот на Игоровиќ.



Спорниот текст е посветен на Куманово, како симболичен град за Србите од Стара Србија, српскиот окупаторски споменик кај Забрњак и споменикот на УЧК што вчера беше откриен во Слупчане.



Претходна статија

Откриена спомен кулата на УЧК во Слупчане

Следна статија

Шокантно тврдење од Киев: Унгарија сака да земе дел од Украина?!

Најново од Вести