Предлог – одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетика го помина и филтерот на собраниската ЗПК

/

Предлог – одлуката за продолжување на кризната состојба во енергетиката попладнево го помина и филтерот на собраниската Законодавно-правна комисија.

Се очекува пратениците на пленарна седница да гласаат за продолжување на кризната состојба во енергетика од 1 октомври до 30 април 2023 година.

Претходно и собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја одобри Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба на територија на земјава и Градот Скопје поради недостиг на електрична и топлинска енергија.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Бектеши: Приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските

Следна статија

Бела куќа: Москва ги фалсификува резултатите од референдумите за потоа да каже дека Украинците сакале да бидат дел од Русија

Најново од Вести