Бугарскиот митрополит Гавриил: Нема ништо политичко во нашата одлука за македонската црква
Бугарскиот митрополит Гавриил во изјава за бугарското национално радио објасни дека светиот синод на Бугарската православна црква да го признае канонскиот статус на македонската црква е донесен по предлог на српската црква. Еве што искоментира во однос на изјавата на претседателот на РСМ Стево Пендаровски бугарскиот митрополит:
„На македонскиот претседател не му направило впечаток со каква љубов и радост ја примивме веста дека е тргната шизмата туку тоа што сме напишале нешто што самата српска црква го предлага- да има дијалог за прецизирање на името на самата црква. Самиот српски патријарх го пишува тоа и тој не ги нарекува со никакво име, тоа е вистината. Во нашата одлука нема никаква политика.“

