|

(Видео) Капачињата што ги лекуваат нашите деца… Лазар Радков, номиниран за „Будител на деценијата“

Капaчињата покажуваат дека кога многу луѓе прават нешто мало и значајно, всушност се случуваат големи работи… Капaчето е концепт, надеж, симбол за нешто подобро, бидејќи луѓето кои собираат капи активираат во нив добрина, значајност и креативност на многу нивоа.

Оваа млада и инспиративна личност во последните години направи вистинска револуција во културата на донирање во нашето општество. Тој е главниот двигател на кампањите „Капи за иднината“ и „Каузи.БГ“, пишува БНР.

Лазар Радков е волонтер во различни акции за поддршка на луѓето во неволја, како што се жртвите од поплавите и жртвите на војната на Русија во Украина.

Неговата иницијатива „Капачиња за иднина“ привлекува илјадници Бугари кои се вклучуваат и собираат стотици тони пластични капачиња, и на тој начин обезбедуваат пари за набавка на инкубатори и детски амбулантни возила за болниците во мали и големи населени места.

Сè започнало во 2017 година, кога Лазар открил дека секое десетто дете во Бугарија се раѓа предвреме и дека секое трето дете развива форма на оштетување на видот. Проблемот бил јасен и присутен, и тој одлучил дека може да биде дел од напорите за негово решавање.

Така, со „Капачиња за иднината“ се купени неколку десетици инкубатори, како и друга медицинска опрема, со која беа поддржани 40 болници во Бугарија, донирани се четири специјализирани детски амбулантни возила на болниците во Пловдив, Плевен, Русе, и СБАЛ за детски болести „Проф.Иван Митев“ во Софија. Практично е готова и петтата детска амбуланта, која најверојатно ќе биде донирана во болницата во Ќустендил.

Слични Објави