Започна тринаесеттото издание на прилепскиот џез фестивал Prilep Jazz Weekend
Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 29-31 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.
Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.
Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:
Фестивалот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а после нив ќе настапи фракцијата од четворица млади музички аскети COBALT CODE UNIT која неуморно талка низ обемните широчини на јужно балканските традиции на импровизирана и ритуална музика контемплирајки ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на афричките ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж пресликани преку призмата на авангардниот израз. , од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика.
Четврток 29 август 2024г
⦁ Филип Стевановски КВАРТЕТ
⦁ COBALT CODE UNIT
Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски со промоција на новиот албум „Deep Blue“, а после нив пред Прилепската публика ќе се претстави квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев ( Архангел).
Петок 30 август 2024г
⦁ Ѓоле Грујовски ТРИО
⦁ Никола Бочваров КВАРТЕТ со специјален гостин Ристо Вртев.
Последниот ден од фестивалот ќе се претстават гостите од Србија и Словенија/Украина.
Предводени и формирани од словенечкиот саксафонист и композитор Јуре Пукл, Jure Pukl Organic Trio е група од тројца артисти чија музика е оригинална и содржи елементи на џез, модерна класична музика и мешавина од популарни музички жанрови. Фестивалот ќе го затворат гостите од Србија, CRNO DETE со еден уникатен проект со звук кој е комбинација од рок, ноиз,џез, панк и фолк.
Сабота 31 август 2024г
⦁ Jure Pukl ORGANIC Trio
⦁ CRNO DETE
Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во клубовите Калинка И Таверна во старата прилепска чаршија.