ЧЕЧЕНСКИОТ ЛИДЕР КАДИРОВ ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19?

Според медиумите Кадиров пред неколку дена се разболел. Се верувало дека има акутно воспаление на респираторните органи, но неговата состојба почнала брзо да се влошува.

Докторите му препорачале на Кадиров да контактира некоја од болниците во Москва за помош, по што чеченскиот лидер наводно синоќа со авион пристигнал во главниот град на Русија.

-На Рамазан Кадиров му е дијагностицирано оштетување на белите дробови. Меѓутоа постои голем сомнеж дека станува збор за зараза со Ковид 19, наведува каналот „База“, пренесе Рамблер.