„Мирор“: Бугарија – идеален избор за кратко градско бегство
Софија, главниот град на Бугарија, e сместен во Софиската Котлина, во подножјето на планината Витоша, градот е политички, културен и најголем центар во земјата, како и трет по надморска височина во Европа. И покрај тоа, често останува надвор од вниманието за кратки туристички патувања. Ова се вели во анализа на британскиот „Мирор“, пренесува БГНЕС.
Цените на храната и пијалаците се ниски – точено пиво чини меѓу 4 и 7 лева, а флаширано може да се најде и за 1,30–2,50 лева. Посетителите имаат пристап до традиционални јадења како баница, кебапи и таратор.
Меѓу главните знаменитости се издвојува катедралата „Свети Александар Невски“. Еден посетител наведува: „Катедралата „Александар Невски“ е симбол на Софија и секој се восхитува на нејзината велелепност.“
Туристите ја посетуваат и Централната минерална бања, како и планината Витоша, од каде се отвораат панорамски погледи кон градот. Пролетта се смета за најповолен период за посета поради пријатните температури и помалиот број туристи, стои во анализата на „Мирор“.
