| |

Фондација „Бугарска Памет“ и Здружението за македонско-бугарско пријателство со нов проект за младите во РС Македонија и Бугарија

Во Битола започна проект по програмата Еразмус + на Европската Унија, „Клучна акција 1“. Проектот се реализира од Фондација „Бугарска Памет“ и Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола.

Во проектот учествуваат 20 млади лица од Северна Македонија и Бугарија, на возраст од 15 до 24 години, кои во наредните пет дена ќе работат на темата: „Формирање на критичко мислење, вклучително и во дигитална средина, за противдејствување на антиевропската пропаганда“.

Основната цел на активностите е развивање на критичко размислување, медиумска писменост, тимска работа и комуникациски вештини кај младите, преку интерактивни методи на неформално образование.

Овој проект претставува уште еден позитивен пример за прекугранична младинска соработка и размена на искуства, кој придонесува за зајакнување на европските вредности, соработката и разбирањето меѓу младите од регионот Р. Бугарија и РС Македонија (бел.од уред).

Проектот е финансиран со поддршка на Европската комисија.

Слични Објави