| | |

Желјазков од Скопје: Веруваме дека разумот и политичка волја ќе надвладеат и уште оваа година ќе се поздравиме со почетокот на реалните преговори на РС Македонија со ЕУ

За Бугарија влезот на РС Македонија во ЕУ нема алтернатива. Тоа стана јасно по средбата на двајцата претседатели на бугарскиот и македонскиот парламент Росен Желјазков и Талат Џафери. Желјазков подвлече дека за Бугарија е исклучително важно РС Македонија и Албанија да одат заедно по патот кон ЕУ. Тој истакна дека треба да се спротивставиме на говорот на омраза.

,, Гаранција за тоа е чувањето на правата на бугарската заедница. Промената на Уставот е дел од овој пат” , истакна претседателот на бугарскиот парламент додавајќи дека за РС Македонија нема друга алтернатива освен европската.
,, Им должиме на нашите народи заедничка европска иднина и мирно постоење во овој тензичен свет. Нашата посета денес е израз на нашите најдобри намери, на нашето пријателство, бидејќи нашата иднина е нашиот ангажман кон идните генерации “, подвлече Желјазков.

Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери изјави дека неговата трета средба со неговиот бугарски колега е можност да се испрати сигнал за поголема заедничка соработка. Џафери го запозна својот колега од Бугарија со фактот дека процедурата по скринингот на македонското законодавство е кон својот крај.

Посетата на претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и министерот за култура на Бугарија, Крсто Крстев, започна со поднесување на венци и свежо цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев во црквата ,,Св. Спас “во Скопје.
,,Гоце Делчев е наш заеднички херој, таквите личности и нивното дело треба да ги обединуваат нашите народи и треба да бидат пример. Тие треба да бидат почитувани а не присвојувани”, истакна Желјазков.

По поднесувањето на венци пред саркофагот на Гоце Делчев, бугарската делегација и бугарските дипломатски претставници предводени од амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов, ја посетија и црквата „Свети Спас“, каде што го видоа нејзиниот уникатен иконостас чии автори се Петар Филипов и Макариј Негриев. Познатиот Дичо Зограф пак ги црта голем дел од иконите во црквата.

Бугарската делегација го посети и Бугарскиот културно-информативен центар каде што присуствуваше на работилница со социјален карактер и доделување на ваучери за интернет обука по проекти финансирани од бугарската помош за развој. Деца со специјални потреби цртаа уметнички дела кои ќе бидат продадени на добротворна аукција а дел од нив ќе се најдат на божиќни честитки, кои ќе бидат испратени до владите на Бугарија и РС Македонија.
По доделувањата на ваучери те за интернет обука децата од уметничките работилници добија подароци- материјали за цртање од спикерот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и министерот за култура Крсто Крстев. Присутните во Бугарскиот културно-информативен центар испратија заедничка порака и против домашното насилство, како поддршка за кампањата на г-ѓа Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов- „Стоп за домашното насилство. Жртвите не се виновни“.

Посетата на претседателот на бугарското собрание и на министерот за култура Крсто Крстев продолжи со откривање на изложба во археолошкиот музеј на РС Македонија. Изложбата ,,Сребрена Тракија” беше откриена во присуството на двајцата претседатели на парламенти Росен Желјазков и Талат Џафери.
Министерот за култура на Република Бугарија Крсто Крстев ја претстави изложбата со зборовите ,,убеден сум дека експозицијата посветена на ,,Сребрените тракиски скапоцености ” не само ќе се радува на интерес на публиката и специјалистите, туку ќе ја потврди важната улога на историјата и уметноста не само во културниот постер на Скопје но и во културната карта на Балканот и во Европа.

Слични Објави