БРУТАЛНИ НОКАУТИ, КОНЕКЦИИ СО МАФИЈАТА И ЕДНА ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА-ИСТОРИЈАТА НА БОКСЕРОТ КОЈ МУ БЕШЕ ИДОЛ НА МУХАМЕД АЛИ

Кога зборуваме за најголемиот боксер на сите времиња, не можеме, а да не го спомнеме името на Роки Марчијано. Синот на италијански емигранти во САД извојува 49 победи и ниту еднаш на губи на рингот. Само шестмина негови ривали успеваат да го избегнат нокаутот на познатиот како Броктонски блокбастер, боксер.

Во текот на својата кариера Марчијано ги победува големите боксери во тоа време: Џо Луис, Арчи Мур и Џерси Џо Волкот. За жал големиот шампион го губи својот живот во авионска несреќа на 31 август 1969 г. Роки е само на 45 г.

Вистинското име на легендарниот боксер е Роко Френсис Маркеџано.

Роки потекнува од сиромашна фамилија и од мали нозе мора да работи. Работел во комунално претпријатие, бил товарач, а во слободното време играл и бејзбол, но прекинал откако скршил рака.

Во 1943 г. Марчијано е мобилизиран во Военоморските сили на САД и таму за прв пат почнува да се занимава со бокс. Роки станува омилен лик меѓу морнарите, а неговите победи во импровизираните борби го прават многу популарен.

Марчијано има оригинален стил на боксување. Бидејќи не е висок и нема долги раце, тој со наведнување ги избегнува правите удари на противникот и се стреми да биде секогаш близо до своите ривали.

Талентираниот боксер е забележан од промотерот Ал Вел и за краток период (во рамките на околу 4 месеци) победува со нокаут 5-мина противници. Ниту еден од нив, не успева да издржи повеќе од 3 рунди на рингот со Марчијано.

Роки брзо станува омилен кај публиката заради својот уникален стил и секако заради добрата смисла за хумор, што ја демонстрира пред новинарите.

Марчијано реди победи, неговите противници паѓаат еден по еден, но подоцна почнуваат и потешките мечеви.

Марчијано ги победува легендарниот Џо Луис и светскиот шампион Џо Волкот. Во првиот меч Роки победува во 13-тата рунда, а во реваншот Волкот е нокаутиран уште во првата рунда.

Откако станува светски првак, Марчијано почнува да се натпреварува поретко. Ја одбранува светската титула 6 пати, а во својот последен боксерски меч го нокаутира познатиот Арчи Мур. Роки се повлекува од професионалниот бокс на 32 години.

По повлекувањето Марчијано почнува да се занимава со бизнис со недвижности и често пати е обвинуван дека има длабоки конекции со мафијата. Роки во еден период дури не се обидува да ги сокрие своите пријателства со ликови од американското подземје.

На неколку пати Марчијано одбива да се врати на рингот и покрај огромните суми на пари кои му биле нудени. Од кршач на вилици, големиот боксер се претворува во татко за пример и добар сопруг.

Еден ден пред да наполни 46 г. Роки го губи својот живот во авионска несреќа предизвикана од негов бизнис партнер кој управувал со малиот приватен авион. Илјадници фанови на легендарниот боксер доаѓаат за да го испратат во последен земски пат и да ја покажат својата почит кон неговите лик и дело.

Големиот Мухамед Али вели за Марчијано:

„Уште како дете, кога ќе слушнев на радио дека на рингот ќе боксува Роки Марчијано, знаев кој ќе биде победникот во мечот. Марчијано секогаш бил пример за мене и има големо влијание врз развојот на мојата кариера. Тој беше прекрасен боксер и пред се добар човек“.