| |

ДУРИ 15 ПРАТЕНИЦИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ЗА СЛУЧАЈОТ 27 АПРИЛ ПО ПРЕДЛОГ НА АДВОКАТИТЕ НА ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието треба да продолжи денеска со сослушување сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, јавува Телма.

Во судницата денеска се очекува да бидат сослушани 15 пратеници, меѓу кои Tрајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Слични Објави