СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ Е ХОСПИТАЛИЗИРАН СО КОРОНАВИРУС
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е хоспитализиран, откако било утврдено дека е позитивен на коронавирус. Како што пренесуваат италијански медиуми, тој е примен во болница поради мерки на претпазливост.
Неговата здравствена состојба не е загрижувачка, пренесе „Ројтерс“ соопштение од неговата партија Форца Италија.
Дека Берлускони е позитивен на Ковид-19 беше соопштено во средата од неговиот личен лекар, Алберто Зангрлио. Тогаш беше кажано дека тој е асимптоматичен, дека се наоѓа во својата вила во Милано и дека ќе остане 14 дена во карантин.
Извор: Макфакс
