| |

МАЈКА МОНСТРУМ ВО ГЕРМАНИЈА: ОТРУЛА 5 ОД СВОИТЕ ДЕЦА (ДЕТАЛИ)

Германската полиција вчера пронајде тела на пет деца во зграда во Золинген, град во западна Германија, пренесува МТМ.

Имено, 27-годишна мајка отрула пет од своите шест деца пред да се обиде да си го одземе животот фрлајќи се под воз.

Таа се фрлила на шини во Диселдорф, нешто повеќе од 30 километри од станот каде ги отрула своите деца. Полициски извори соопштија дека децата биле отруени со апчиња.

Починатите деца се три девојчиња на возраст од една и пол, две и три години и две момчиња на возраст од шест и осум години. Шестото и најстаро дете, единаесетгодишен син, е жив и безбеден, а за него се грижат роднини. Локалните медиуми јавуваат дека тој со својата мајка тргнал на железничка станица за да ја посетат бабата, а мајката излегла на станицата во Диселдорф, каде се фрлила под воз.

Полицијата соопшти дека бабата направила телефонски повик околу 14 часот, по што се упатила кон станот во Золинген. Самите работници од службите за итни случаи биле трауматизирани од глетката што ја нашле во станот. Тие се обиделе да ги реанимираат децата, но било предоцна.

Не е јасно дали преживеаното дете било сведок на настаните во станот.

Портпаролот на полицијата, Штефан Вејанд, рече дека станува збор за трагична ситуација и додаде дека мајката се опоравува и сè уште не е во можност да биде испрашувана.

„Не знаеме како и зошто се случи ова страшно злосторство“, изјави Вејанд за локалните медиуми.



Слични Објави