ШИЛЕГОВ: НЕМА СОВРШЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната средба со новинарите говореше за почетокот на учебната година, кој е е најавен за 1 октомври. Од луѓето задолжени за образовниот систем како и оние кои се грижат за здравствената состјба во време на пандемија од коонавирусот е најавена комбинирана настава, со физичко присуство и онлајн совладување на материјата.
Шилегов потенцира дека работат на оваат тематика со луѓето од МОН да се обезбедат технички услови за непречена онлајн настава.
–Не можеме да најдеме совршено решение за учебната година. Треба да се најде доволно добро решение како би се гарантирало здравјето на децата. Правото на здравје и образование се паралелни за едно дете. Продолжуваме со разговорите, работиме на обезбдување на технички услови за непречена онлајн настава, порача Шилегов.