| |

ТРЕБАШЕ ДА ДОЈДАТ БАГЕРИТЕ ЗА ДА СЕ ПОЈАВИ И ГАЗДАТА НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ МАВРОВКА

Сопственикот на дивоградбата кај МавровкаМевљудин Алити, денеска за прв пат се појави во јавноста, откако багерите почнаа да му ја рушат градбата.

„Нека руши државата како што е научена да руши. Ми ги остави вработените без плата, семејството без леб – обвинува Алити.

Алити тврди дека само за комуналии на општината ѝ има исплатено 4,7 милиони денари.

„Не градев нов објект туку го обновував изгорениот објект, кој претходно беше со метална конструкција“, дециден е Алити.

Тој обвини дека некој сака да го отстрани од таа локација која како сопственик ја поседува со децении. Алити рече дека вака и во минатото се рушело политички, потенцирајќи го случајот Космос.

Алити вели дека на суд ќе ја бара правдата, а ако треба ќе се жали и во Стразбур.

Слични Објави