Галуп: Излезноста на изборите во Бугарија до 18:00 часот изнесува 45%
Излезноста на изборите во Бугарија достигна 45% до 18:00 часот, покажуваат податоците на социолошката агенција „Галуп Интернешнл“, јавува БГНЕС.
Според Централната изборна комисија, до 16:00 часот излезноста во земјата изнесувала 34,63%.
Вкупно 110 машини за гласање се дефектни до овој момент, според податоци на Министерството за електронско управување.
