|

Орце Камчев халуцинира, рече Катица Јанева во судницата

Ексспецијалната јавна обивнителка Катица Јанева во судницата посочи дека бизнисменот Орце Камчев халуцинира, додека тој даваше исказ и кажуваше како според него бил ракетиран. Откако Камчев посочи дека од Бојан Јовановски му било понуден проект за шопинг мол, а Лазар Јанев бил потпишан на проектот, експецијалната јавна обвинителка Јанева пред сите во судницата се обрати до судијата Андреј Димовски:

„Халуцинира човекот. Халуцинира. Поарно да чита, бидејќи вака многу хауцинира“.

Пред ова, Камчев рече дека добивал понуди за градење на шопинг мол на две локации во Карпош: „За двете локации беше евидентно дека Бојан Јовановски манипулира бидејќи бев сигурен дека ниту менаџментот на Гранит ниту на Реплек (сопственици на земјиштата) не дале согласност за таков проект“. Камчев кажа дека со Бојан се познавал 20 години. Бизнисменот откако објасни како течеле средбите, кажа дека Катица Јанева изрично рекла дека тој ќе излезе од притвор, па додаде: „Поголема изнуда од тоа нема“.

„Причината да се видам со Бојан беше да видам што има да понуди. Имаше конкретна тема, бараше да ми презентира одредени сознанија од истрага која се води во СЈО за мене кои тогаш веќе знаев дека се запончнати од СЈО, и притоа уште на првата средба, ми презентираше договор“, кажа Камчев на прашањето од судијата зошто се решил да се сретне со Јовановски-Боки 13.

„Бојан Јовановски ми пристапи преку заеднички пријател во врска со наводна соработка да ми понуди а со крајна цел изнуда на парични средства со лажни проекти. Првиот проект беше фешн молови, концепт кој тој го измислил, а во кои ќе има модни ревии, популарни дуќани. Како да во светот нема бизнис центри и шопинг молови, па да тоа биде заштитени од Бојан. Притоа, при поднесувањето на договорот за соработка беше потпишано лицето Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира тогашната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кажувајќи дека и тој стои позади проектот за бизнис молови. Споменувајќи дека Лазар користи возило од неговата телевизија дека со него соработува директно и слично. Потоа, продолжи со неговата измислена приказна. Откако го одбив ова барање тој беше упорен и на другите средби ми беше понудено инвестиција во старечки домови пошто јас имам луѓе кои се разбираат во таа дејност, кои организираа работен состанок на кои беа присутни луѓе од ‘Систина’. Ми беше понуден проект за носење на европски пациенти, кои 80 отсто би го пополните капацитет на истите, а ветувајќи дека преку Министерството за труд и социјала заради обезбедување на плацеви“, рече Камчев.

Камчев кажал дека смета дека Јовановски-Боки13 злоупотребувал функционери од тогашната власт, за кои знае: „дека не беа запознаени со неговите манипулации“.

„Ми беа побарани 4 милиони евра, Бојан беше незадоволен, беше многу моќен во тој период. Имаше телевизија, контакти со политичкиот естаблишмент и тоа знаеше вешто да го искористи со манипулација за конечна цел – изнуда. Третата средба беше да ни се олабават односите цело време тој знае и контролира што работи СЈО и од мои информации бев уверен дека тоа што го кажуваше кореспондираше со тоа што се работи. Покажувајќи слики со Катица Јанева, зборуваќи за ПИ мерки. Во тој притисок, ми понуди трет проект за почеток на соработка, бидејќи првите два му беа отфлрени, нудејќи ми рекламен простор во ‘1ТВ’. Знаејќи колкави се буџетите и ценовнивите за маркетинг во најголемите национални телевизии, тој понуди договор 10 пати поскап од ‘Сител ТВ’, наведувајќи дека тоа не е договор само за емитување на реклами во ‘1ТВ’ туку договор за ПР, контакт преку него со Катица Јанева и одредени други личности, а нагласувајќи ми дека тој контролира во СЈО против кој и кога ќе се пушти предмет“, рече Камчев.

На прашањето од судијата ‘Каква помош ви беше понудена од Бојан’, Камчев кажа: „Откако не се прифатија големите пари да се исплатат, 8 милиони евра, за измислените проекти, Бојан премина на втор дел на играта и се случи отворање истрага за ‘Империја’ и мерка притвор од Катица Јанева. По извесен период во притвор, повторно преку заедничкиот познаник ја информираат Ана Камчева и организираат средба на која што Бојан понудува да се искочи од притвор, да му се исплатат 500 илјади евра. Ана нема одговор и при средбата во истражен затвор ми го соопштува тоа, а јас и реков дека нема гаранција тоа ќе го направи Бојан. Наредната недела организира Бојан и средба кај него во Орман, каде присуствуваат Катица Јанева, Ана Камчева, заедничкиот пријател. Катица Јанева и ветува на Ана Камчева дека тоа што е договорено ќе се заврши. Поголема изнуда нема“.

Според Камчев, парите биле исплатени по три дена по средбата од неговата трансакциска сметка на двапати, 350 илјади евра и 150 илјади евра.

„Ана Камчева од 350 илјади евра ги исплаќа Ана Камчева во канцеларија на ‘1ТВ’ и даден на лицето на прво тужениот. Вториот износ од 150 илјади евра беше исплатен од заедничкиот пријател, во готово“, кажа Камчев, а судијата праша: „Мислите на третотужениот?“, а тој одговори: „Да“. Прашан каде биле платени, бизнисменот не знаеше.

По една недела, според Камчев, откако биле исплатени средствата, бил пуштен и од притвор.

Извор: Temite

Слични Објави