| |

ФОТО: ВО МАКЕДОНИЈА ДУРИ 39 ЛУЃЕ СЕ ВИКААТ АСПАРУХ И ПОМАЛКУ ОД 5-МИНА ИЛИ НИКОЈ-ПЕРДИКА

Според податоци на Државниот завод за статистика на Македонија, во нашата земја дури 39 луѓе го носат името на основачот на бугарската држава- Аспарух.

Аспарух се викал командирот на акцијата позната како „пукање на прва пушка“ во Прилеп на 11 октомври 1941 г. Аспарух Јосифовски инаку е брат на далеку попознатиот комунист и партизан Кузман Јосифовски-Питу.

Со голем шок и неверување видовме дека помалку од 5 или никој во нашата земја не го носи името Пердика.

Секако за да ги смириме нашите пријатели од античкото крило на Организацијата брзаме да објавиме дека иста е ситуацијата и со името Кубер.

За тие што не се активни следачи и чинители во тематските македонско бугарски facebook групи за меѓусебно плукање потсетуваме дека Кубер бил брат на Аспарух, кој според бугарските историчари заедно со својата војска и народ се населил на територијата на денешна Македонија.

Слични Објави