|

ВИДЕО: ГРАЃАНИТЕ НЕ ОТСТАПУВААТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ САМОВОЛИЕТО И НЕЗАКОНИТОСТИТЕ НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ

По пети пат денеска граѓани-жртви на самоволието на извршителите протестираа пред Министерството за правда со апел до министерката за правда Рената Дескоска да постапи по нивните барања. Оштетените граѓани бараат постапката да биде според законот и материјалните докази, бидејќи како што тие тврдат, голем дел од извршителите работат спротивно на законот, извршуваат без извршни исправи, без одобрение од судот и се служат со многу други манипулативни постапки. Според учесниците во протестот тоа со случува и во спрега со судската власт, а на штета на граѓаните.



Слични Објави