Јаревски: ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани
„ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи. Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи“, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот.
Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?
ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка.
Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува.
Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети. Одговорност мора да има“, изјави Јаревски.

