|

СДСМ: Ковачевски има економски план, 2023 ќе биде година на пресврт и економски раст

„Претседателот Димитар Ковачевски, има економски план за иднината, кој е одговор на сите предизвици, кој обезбедува сигурна иднина и економски раст.

Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра. Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија.

2023 ќе биде година на пресврт и економски раст. Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на минималната плата и на пензиите согласно новата методологија. 800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното стопанство.

Економскиот пресврт наредната 2023 година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели.Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто.

СДСМ и претседателот Ковачевски имаат план кој обезбедува економски раст, подобар животен стандард и сигурна и стабилна иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични Објави