ПОМПЕО НАПАДНАЛ НОВИНАРКА , ПЦУЕЛ И ВИКАЛ ПОРАДИ РАДИО ИНТЕРВЈУ ЗА УКРАИНА
Се започна со вчерашното интервју што Мајк Помпео го даде на НПР, Јавно радио на САД.
Интервјуто главно се однесувало на Иран, но новинарката Мери Луис Кели го завршила со прашања за Украина затоа што претседателот Трамп во моментов е обвинет во американскиот Сенат за злоупотреба на својата надлежност заради притисок врз Киев.
Мајк Помпео, столб на администрација на Трамп, е обвинет дека не успеал да ја одбрани поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мари Јованович, која неочекувано беше отстранета од функцијата минатата пролет, откако беше изложена на кампања на личниот застапник на Доналд Трамп, Руди Џулијани.
„Дали и должите извинување на амбасадорката Мари Јованович?“, праша новинарката.
Следеше напнато интервју во кое државниот секретар тврдеше дека „го бранел секој функционер на Стејт департментот“, по што новинарката го прашала во која прилика јавно ја бранел Мари Јованович, но не доби одговор.
„Реков сè што имав за денес. Благодарам“, кратко рече Помпео.
Но, приказната не завршува тука и Мери Луис Кели изјави за НПР што се случило подоцна.
„Тој се наведна кон мене , ме погледна и излезе од студиото“, рече таа.
Потоа, советникот побарал од новинарката да оди по него во личната дневна сала на државниот секретар, без микрофон.
„Тој ме чекаше таму и ми викаше„ десет минути “,беше незадоволен од прашањето за Украина“, рече таа, тврдејќи дека тој ја навредувал во текот на разговорот.
Тој и рекол: „Мислите ли дека Американците се заинтересирани за Украина?“ и почнал да ја пцуе. Потоа, тој ја замолил советничката да донесе празна карта на светот и и рекол да покаже каде е Украина, а отако покажала , тој внимателно ја следел.
„Секој ќе слушне за ова“, викнал уште еднаш државен секретар, кој и претходно знаел остро да им се обрати на новинарите.

