|

Ноќниот воз Софија – Истанбул во врвот на најинтересните патувања во светот

Патувањето со воз се издвојува како една од водечките тенденции за 2023 година. Високите цени на горивата ја зголемуваат цената на летовите, се бараат алтернативни патувања, а новите маршрути го прават патувањето со воз поудобно и достапно.

Пред само неколку дена Lonely Planet, светскиот лидер во издавањето на туристички водичи, подготви листа на најдобрите патувања што можеме да ги направиме во 2023-та година.

Изданието ги избра 30-те атракции во годишното рангирање, кое вклучува пет категории: патување, хранење, учење, одмор и рекреација. Меѓу најдобрите дестинации се наоѓа и експресниот воз Истанбул-Софија, забележува БНР.

Според изданието, неодамна воведената ноќна услуга „спојува две авантури во една, тргнувајќи од Истанбул – место каде што Истокот се среќава со Западот и ги носи патниците во мирната престолнина на Бугарија 11 часа подоцна“.

Том Хол – експерт за возови на Lonely Planet пишува дека ноќната експресна линија „преминува преку границата меѓу двете држави која наликува на тврдина и се движи низ планински премини, пред да пристигне во потценетата, но пријателска Софија“.

Напуштајќи го Истанбул, патникот ќе ужива во древни и прекрасни пејзажи, додека возот полека се движи низ Бугарските планини. А од Софија се отвора патот кон понатамошни епски патешествија низ Европа, вели Том Хол.

Возот Софија-Истанбул патува секој ден, а патувањето трае 11 часа. Билетите за возовите почнуваат од 29 евра, пишува во информативниот портал raіl.cc.

Времето на поаѓање од Софија е 18:30, а пристигнувањето во Истанбул е во 05:30. Цената на билетот е 19 евра плус дополнителни 10 евра за место во купе со 4 кревети или 15 евра за спална соба со 2 кревети. Соба за еден патник е 28 евра плус доплата од 35 евра. Околу полноќ на граница треба да излезете од возот со целиот багаж и да го поставете на граничен скенер.

Станицата за пристигнување е Истанбул Халкали, која се наоѓа на 25 километри оддалеченост од историскиот центар на градот. Оттаму можете да одите со возот Мармарај во насока кон центарот на градот до старата железничка станица Sirkeci во Истанбул. Овие брзи возови сообраќаат на секои 15 минути со цена на билет под 2 евра. Времето на патување е 35 минути, пишува money.bg

Слични Објави