| | |

(Видео) Дејците на ВМОРО/ВМРО спомнати меѓу најзаслужните Бугари во свечената прослава за 3 март во Софија

Дејците на ВМОРО-ВМРО од д-р Христо Татарчев, Гоце Делчев, Даме Груев до Тодор Александров и последниот водач на Организацијата- Иван Михајлов беа спомнати меѓу најзаслужните Бугари во свечената прослава на 3 март- Националниот празник на Бугарија, што се одржа вчера во центарот на Софија.

Во својот поздравен говор претседателот Румен Радев истакна дека историјата на Бугарија треба да се пази од посегнувањата на безродници и осквернувачи.

„Драги сонародници, наш долг е да ја чуваме нашата историја од посегнувањата на безродници и осквернувачи, бидејќи народот што ќе допушти, да го изгуби своето сеќавање е осуден да ја изгуби и својата слобода“, истакна Радев.

Погледнете ја целата церемонија во видеото што следи:



Слични Објави