|

КРСТЕВ: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ФАКТ, МАКЕДОНЦИТЕ НЕМААТ ПОБЛИЗОК НАРОД ОД БУГАРИТЕ

Јазикот не треба да претставува проблем меѓу Бугарија и Македонија и на него треба да се гледа како на проблем од минатото, смета бугарскиот новинар Николај Крстев во колумна на порталот Квадрат 5.

Крстев, кој важи за добар познавач на балканските состојби, наведува дека во моментов Србија и Грција имаат многу подобри односи со земјава отколку Бугарија, која, како што вели, „повторно е во рововите и војува со Македонија и за Македонија“.

Сепак, тоа е независна држава, а македонскиот јазик е факт. Треба да ја прифатиме реалноста. Договорот што го склучивме пред три години сега треба да го наполниме не само со историја, туку и со бизнис, иновации и со стратегии, наведува Крстев.

Според него, Македонците немаат никого поблизок од Бугарите.

Слични Објави