| |

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ СО АВИОН

Кабински пресонал во заштитни костуми, здравствени потврди за патниците, задолжителни маски за лице и долги чекања за пријавување на лет, ќе бидат новата реалност во патничкиот воздушен сообраќај.

Многу луѓе фантазираат за повторно патување со авион, но веројотно летовите ќе се соочат со промени што ќе бидат попроблематични од оние воведени по нападите на 11 септември 2001 година во САД. Покрај стандардните безбедносни проверки што беа тогаш воспоставени, патниците сега ќе се соочат и со серија на здравствени протоколи, како последица на коронавирусот.

„Пред пандемијата, моравме да пристигнеме два часа пред летот. Овој пат веројатно ќе биде четири часа порано”, вели Индонезиецот Сујанто по лет на домашна линија. Тој, исто така, се пожалил на големите редици и долгите проверки, дури и пред да дојде до шалтерот за чекирање.

Патниците таму мора да ја пријават причината за патувањето, да покажат документација дека се без корона, да поминат неколку проверки и да соопштат детали за движењето по слетувањето.

„Скапо е и напорно. Со вакви строги правила, мислам дека луѓето ќе размислат двапати пред да решат да патуваат”, истакнал тој 40-годишник, кој платил двојно повеќе за билет од порано, бидејќи некои места во авионот морало да останат празни поради пропишаната мерка за физичко растојание.

Експертите велат дека последиците од пандемијата врз воздушниот сообраќај ќе бидат далекусежни. Агенцијата за цивилен транспорт на ОН состави серија упатства за безбедно летање во време на коронавирус, која предвидува од задолжително носење маски до дезинфекција на просторот низ кој поминуваат луѓето.

Покрај тоа, Сојузот за меѓународен за воздушен сообраќај (IATA) ги советува владите пред патувањето да соберат податоци за патниците, вклучително и медицински податоци и пристапот до аеродромите да го ограничат само за луѓе за кои патувањето е од итни и неодложни причини.

Другите мерки вклучуваат редизајнирање на преминот кон авионите за избегнување на турканици, побрзо качување и сместување на патниците во авионот, скратување на процесот на собирање на багажот, па дури и забрана за чекање во групи пред тоалетите за да се намали интеракцијата меѓу патниците.

Извор: makfax

Слични Објави