По Каракачанов и Нинова ја поддржа декларацијата на бугарските научници за РС Македонија

//

Бугарската социјалистичка партија ја поддржа декларацијата на Иницијативниот комитет од бугарски научници во одбрана на бугарската позиција за РС Македонија.

Во своето писмо од Иницијативниот комитет лидерката на БСП Корнелија Нинова пишува дека „европската иднина на РС Македонија не може да биде реализирана врз база на бугарската историја и компромисот со историската вистина“.



Во своето писмо Нинова пишува уште дека ја потврдила таа позиција и пред премиерот Зоран Заев, за време на неговата посета на Бугарија минатиот месец. Таа додава дека БСП секогаш го поддржувала европскиот пат на РС Македонија, но над се стои бугарскиот национален интерес и нејзината партија не може да се очекуваат отстапки во друга насока.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Царовска зборува, Заев мисли, а тоа е укинување на учебниците

Следна статија

Адвокатот Миланов: Какви организатори се Вељаноски, Ристовски и Јанакиески, кога од 30.000 пораки нема ниту една комуникација

Најново од Вести