|

Масовно труење и убивање на улични кучиња во Кичево – „Анима мунди“ бара итна истрага и одговорност

Кичево е во шок откако низ градот биле пронајдени убиени околу 40 улични кучиња. Телата на животните биле најдени на повеќе локации, меѓу кои и во близина на основното училиште „Санде Штерјоски“.

Граѓаните и активистите за заштита на животните се згрозени и бараат итна истрага и санкции за сторителите. Од здружението „Анима мунди“ соопштија дека животните биле убиени со силни отрови, опасни и за луѓе, а дел од нив имале траги од огнено оружје.

„Да се проверат камерите, да се фатат сторителите и да има индивидуална и институционална одговорност за оваа ликвидација“, порачаа од здружението, обвинувајќи дека општината и градоначалникот Фатмир Дехари два дена молчат за настанот.

Од „Анима мунди“ потсетуваат дека Кичево со години се соочува со проблем со прекубројност на бездомни животни, но дека насилството не е решение. Тие апелираат за итна реакција од Обвинителството и МВР, како и јавна одговорност од локалната власт и инспекциските служби.

Според нив, единствено што охрабрува во овој, како што го нарекоа, „одвратен контекст“, се гласните реакции на кичевчани кои бараат правда за убиените животни.



Слични Објави