Кривична пријава против 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19-годишен скопјанец поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен.
Според информациите од МВР, осомничениот во повеќе наврати, во периодот од октомври до декември минатата година, ја извршил обљубата на територија на град Скопје.
Случајот е целосно документиран и против 19-годишникот е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за натамошна постапка.
