Папата Франциск изрази сочувство за загинатите во несреќата на автопатот „Струма“

//

Папата Франциск изрази длабоко сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа со автобусот на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Во телеграмата испратена денеска од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин до претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, се вели дека понтифот е длабоко тажен од веста за жртвите и ранетите во „фаталниот инцидент“.



„Папата Франциск ја изразува својата срдечна солидарност со сите погодени од оваа трагедија. Мислејќи особено за загинатите деца, тој ги доверува душите на починатите на милоста на Семоќниот и во своите молитви ги споменува ужалените семејства и повредените. Во овие моменти на жалење Светиот отец го повикува Божјиот благослов за утеха и мир“, стои во соопштението на прес-службата на Ватикан.

Претходна статија

Бугарија жали за жртвите во селото Ројак и загинатите во трагедијата на автопатот „Струма“

Следна статија

(Видео)Османи: Добрите односи со Бугарија и европската перспектива немаат алтернатива за РС Македонија

Најново од Вести