АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ЈА ОБВИНИ ВЛАСТА ДЕКА ЈА КРИЕ РЕАЛНАТА БРОЈКА НА ПОЧИНАТИТЕ ОД КОРОНА ВИРУС

//

Моника Круемади ги обвини Владата и премиерот на Албанија Еди Рама за прикривање на бројките на починати лица од Ковид-19.

„Владата лаже со бројки. Владата лажеше за жртвите од Ковид-19. Мерките не спречија ништо. Зошто, вирусот не останува на улица од пет до 17 и 30 часот? Владата не соопшти колку починаа во јануари и февруари“, рече лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади, во емисијата „Опен“ на телевизијата Топ чанел.

Според официјалните податоци на Министертвото за здравство во Албанија од вкупно заразените 820 починати се 31 лице.





Претходна статија

ПУТИН ГО ОДЛИКУВАЛ КИМ ЈОНГ УН СО МЕДАЛ ВО ЧЕСТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Следна статија

ДЕН ДОНЧЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Најново од Вести