|

ПУТИН ГО ОДЛИКУВАЛ КИМ ЈОНГ УН СО МЕДАЛ ВО ЧЕСТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Рускиот претседател Владимир Путин го одликува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод 75-годишнината од победата над нацистичка Германија, соопшти денеска Амбасадата на Русија во Пјонгјанг.

Од дипломатското претставништво велат дека Ким го добил воениот медал заради својата улога во зачувувањето на сеќавањето за советските војници, кои загинале на севернокорејска територија, за време на Втората светска војна.

Рускиот амбасадор Александар Мацегора медалот го врачил на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Сон-гвон, бидејки Ким не присуствувал на церемонијата.



Слични Објави