Преголемо е името на Рацин и на Брашнаров за Литовски да ги коментира*
Facebook статус на Ели Секуловска
Не можам а да не прокоментирам за синоќешната прва епизода од серијалот посветен на големиот поет Кочо Рацин . Во центарот на епизодта е средбата на Рацин со учителот Панко Брашнаров од кого и самиот Рацин е воодушевен .
Пред почетокот на епизодата , тв Телма посвети една цела дебатна емисија токму на овој серијал , се разговараше со режисерот Никола Поповски , додека повремено се вклучуваа и други дискутанти , а еден од нив беше и историчарот Литовски , токму тој историчар кој во своите колумни го негира фактот дека имаше жртви на југословенскот комунистички режим , иако неколку пати и самиот Претседател Киро Глигоров јавно од говорницаа се извинуваше за тоа.
Па , се прашувам , дали воопшто Литовски е меродавен да го коментира житието на Рацин и воедно и на Брашнаров , кога Брашнаров како најстар затвореник беше однесен на Голи Оток и таму починува како поелсдица злокобниот “шпалир” или “топол зајак” , колоната долга околу два километри составена од затвореници кои требааа да удрат што посилно и на новодојдените за да ја докажат својата лојачлност дека се превоспитале ? Панко Брашнаров тогаш имал 72 години !!!!
Барем почит да му се оддадеше на тој човек !
Канал 5 чинам , заедно со Лупевска направија кратко истражување , документарец што повеќе личеше на сцени од Индијана Џонс , барајќи ги коските на Брашнаров , кои според хрватските извори за Голи Оток биле на Мирогој ,Загреб иако тие не се таму .
Факт е дека не постојат како и на многумина други кои својот живот го завршиле на Голи Оток . Доколку останеше жив Рацин и тој би завршил на Голи Оток.
Преголемо е името на Рацин и на Брашнаров за Литовски да ги коментира .
*Насловот е на редакцијата.

