Адвокатот Миланов: Какви организатори се Вељаноски, Ристовски и Јанакиески, кога од 30.000 пораки нема ниту една комуникација
Откако минатата недела тоа го направи обвинителката Вилма Рускоска, сега за случајот „Организатори на 27-ми април“ завршни зборови даваат адвокатите на одбраната. Прв се обрати адвокатот на обвинетите Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, Еленко Миланов
Коментирајќи ги завршните зборови на обвинителката Рускоска, адвокатот Миланов забележа дека неговите клиенти се обвинети за насилство. Во насока на тоа порача:
„Конкретно за Вељаноски, во завршниот збор обвинителката Вилма Русковска кажа дека улогата му била да спречи мирно примопредавање на власта. Каде гледате тука акт на насилство? Натаму, вели улогата на Ристовски била дека ги организирал групите со акт на насилство да го спречат изборот. Но, каде има тука насилство од Ристовски? Каде има насилство од него?”, праша одбраната. Целиот напис можете да го прочитате овде.
Извор: Zoom.mk
