МЗ: НОВИ 19 ПАЦИЕНТИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУС, БРОЈКАТА ДОСТИГНА ДО 67 ЗАРАЗЕНИ
Со новозаболените 19 лица кои беа потврдени од министерството за здравство (17 тестови се од Филип Втори и се чека нивна потврда), бројката на заразени во нашата земја се искачи на 67 лица.
Со тоа Македонија влезе во земји со среден ризик од коронавирусот. Во таа група се сите држави кои имаат над 50 заразени од вирусот.
Вчера во нашата земја имаше 48, а денеска бројката порасна на уште 19.
Повеќе информации од тоа каде се новозаразените очекуваме во текот на денот.
