|

Вељановски: Сите документи со валиден датум се важечки за гласање, ДИК така одлучи и во 1998 година

Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање. Согласно чл.22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен. Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за идентификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, вели поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

Оттука, според него, личните карти и пасошите наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

Како пример, Вељановски наведува дека во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот.

Слични Објави