МИГРАНТ ОСУДЕН ЗА УБИСТВО НА ДЕВОЈЧЕ СЕ ОБЕСИЛ ВО ГЕРМАНСКИ ЗАТВОР
Авганистански мигрант осуден за убиство на 15-годишно девојче во Германија е пронајден обесен во неговата затворска ќелија.
Младиот човек, идентификуван како Абдул Д., бил осуден на осум години затвор, пренесува АП.
Неговото тело е пронајдено во затвор за малади сторители во Шиферштад, Германија.
Во затворската изјава се вели дека тој не покажувал самоубиствени тенденции.
Авганистанецот прободел 15-годишно девојче во аптека во северозападна Германија во 2017 година, а злосторството предизвика протести и дебати за растечкото насилство извршено од мигранти во таа земја.
Извор: Макфакс