ДИМИТРОВ ЗА ДВ: НИЕ ИМАМЕ ПРАВО НА ИДЕНТИТЕТ

Условувањата од Софија не водат кон подобри односи, оценува шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за ДВ. Ние имаме право на самоопределување, вели Димитров по вчерашната декларација на Софија.

Помалку условувања, а повеќе разбирање за другиот, бара министерот за надворешни работи Никола Димитров како реакција на вчерашната декларација на бугарската влада во која беа поставени низа услови за европската интеграција на земјата.